Кафе пауза прима нови автори | Кафе пауза

 

 

Сакате да станете дел од нашиот тим? Сега ја имате таа можност. Тимот на Кафе пауза одлучи да ја прошири својата редакција и да им овозможи на љубителите на пишувањето да го споделат својот талент со нашата широка публика.Кафе пауза прима нови авториШто добивате ако му се придружите на нашиот тим?

  • Можност за работа со стручен новинарски кадар
  • Подобрување на вашиот стил на изразување и начин на пишување
  • Подобрување на вашите компјутерски вештини
  • Знаење за уредување содржини за веб
  • Вештини за обработка на слики и фотографии
  • Обуки за пишување, уредување и промоција на содржини на интернет
  • Промоција на вашето име и дело
  • Заедничко уживање со нас во вашиот омилен пијалак – кафето…

Што се бара?

  • Желба и склоност за пишување
  • Познавање на англиски и/или друг странски јазик
  • Основни компјутерски вештини за пишување и пребарување на интернет
  • Креативност, оригиналност и инспирација
  • Љубов кон порталот Кафе пауза

Сè што треба да направите е да ја пополните оваа онлајн апликација. Рокот за пријавување е две седмици и завршува заклучно со 11.12.2011. Потоа, со потесниот круг на кандидати ќе се остварат интервјуа и конечно ќе се изберат најсреќните, но и најдобрите.

Со нетрпение ги очекуваме вашите пријави. Направете си кафе и пополнете една 🙂

———————————————————————————————————————————————————————–