Зошто би требало да додаваме малку сода бикарбона во кафето?

Некои видови кафе од понизок ценовен ранг имаат поголема концентрација на киселина која може да го вознемири чувствителниот желудник на поединци, а особено доколку дневно консумирате повеќе од една шолја од оваа напивка.

Зошто би требало да додадеме малку сода бикарбона во кафето?

За да ја неутрализирате киселината и да го олесните варењето, можете да се послужите со еден вид прашок кој сите ние го имаме во нашиот дом – сода бикарбона.

Сода бикарбоната или натриум бикарбонат е одлично природно помагало за неутрализацијата на киселината во организмот, до која може да дојде поради претерано консумирање на слатка или масна храна. Содата има антиалергиски, антиинфламаторни и антифунгални својства. Нејзината примена е доста широка, па може да се користи за чистење на домот, за изработка на паста за заби, за подготовка на колачи, за лечење на уринарни инфекции, но и во многу други неочекувани ситуации.

Неутрализација на киселината во желудникот

Прстофат сода бикарбона во кафето (или 1/8 лажица на литар од вашата омилена напивка), на Запад е своевиден народен лек за неутрализација на киселината. Оние кои пробале тврдат дека воопшто не се чувствува вкусот на содата.

„Кафето е извонреден стимуланс кој особено им се препорачува на лицата со низок крвен притисок. Не би требало да пиете повеќе од две до три шолји кафе дневно, а добро е да го конзумирате со некои суплементи пред сериозен тренинг, бидејќи може да го зголеми нивното делување“, истакнува нутриционистката Марија Андријашевиќ.

Иако комбинацијата на кафе и сода бикарбона не е позната во нашите краеви, нутриционистите тврдат дека може да ја намали киселоста во желудникот.

„Но, треба да имате на ум дека сода бикарбоната во кафето може да предизвика и некои несакани ефекти во организмот, како што се зголемени гасови, намалување на апсорпцијата на калциум и општиот ефект врз варењето на храната“, предупредува Марија Андријашевиќ.

Доколку сакате да ја намалите можноста за „подигнување“ на киселината после испиена шолја кафе, а не сакате да експериментирате со сода бикарбона, тогаш пожелно е да вложите во квалитетен вид кафе, заклучуваат нутриционистите.

Совет плус:

Не мешајте го кафето со млеко! Млекото ја зголемува киселоста во организмот, па лицата кои имаат чувствителен желудник би требало да избегнуваат пиење кафе заедно со оваа млечна напивка.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар