Желе шотови од карамела и макијато

Заблажете си ја душата!

Желе шотови од карамела и макијато

Потребни состојки:
  • 350 милилитри свежо подготвено еспресо
  • 6 супени лажици шеќер
  • 3 листови желатин
  • 180 милилитри вотка со вкус на карамела
  • 120 милилитри слатка павлака
  • 120 милилитри шлаг пена
  • 3 супени лажици сируп од карамела
  • 1/2 лажичка цимет
Начин на подготовка:

Во сад со средна големина, ставете 60 милилитри топло кафе, 2 супени лажици шеќер, 1 лист желатин и 60 милилитри вотка со карамела. Мешајте сè додека желатинот не се разложи целосно. Потоа додајте и 5 супени лажици од слатката павлака и сипете ја добиената смеса во 10 до 12 пластични мини еспресо чаши. Ставете ги во фрижидер сè додека не се зацврстат.

Во сад со средна големина ставете 120 милилитри топло кафе, 2 супени лажици шеќер, 1 лист желатин и 60 милилитри вотка со карамела. Мешајте сè додека желатинот не се разложи целосно, а потоа додадете и 3 супени лажици слатка павлака. Добиената смеса сипете ја над првиот слој во малите еспресо чаши и повторно ставете ги во фрижидер за да се згуснат.

Повторете ја втората постапка уште еднаш, со цел да го направите и третиот слој од вашите желе шотови. Откако ќе се згуснат во фрижидер, во моментот пред да ги сервирате, додајте ја и шлаг пената како декорација на врвот, со малку сируп од карамела и прстофат цимет.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар