Започнете го денот со индиско капучино!

Можеби си мислевте дека инстант кафето не се користи повеќе, но индиското капучино ќе ви го докаже спротивното. Во Индија инстант кафето е многу популарно, бидејќи кога ќе се измати во комбинација со шеќер се добива вкусен кофеински пијалак кој е исто толку кремаст колку класичното италијанско капучино. Немојте да штедите на шеќерот бидејќи тој ја прави потребната пена.

Започнете го денот со индиско капучино!

Индиското капучино е кафе што можете да го направите ако измешате инстант кафе, шеќер и сосема малку вода или млеко. Матете ги состојките додека не добиете густа и кремаста смеса со светла боја. На сличен начин се прави и познатото кубанско кафе, само што Кубанците користат еспресо наместо инстант кафе. Потоа, треба да додадете топло млеко во смесата за да добиете пијалак сличен на капучиното кој целосно ќе ви го промени мислењето за инстант кафето.

Овој пијалак е познат и како матено кафе, бидејќи понекогаш потребно е да ги матите кафето и шеќерот околу 10 минути за да ја добиете вистинската густина. Ќе треба малку да се помачите, но трудот нема да ви биде залуден.

Одберете го најдоброто инстант кафе и започнете го денот со индиско капучино! Погледнете го и видеото кое ќе ви покаже подетално како да го направите овој вкусен пијалак…

Во продолжение прочитајте и како се прави индиско еспресо кафе.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар