Занимливости поврзани со кафето кои ќе ве изненадат

Занимливости поврзани со кафето кои ќе ве изненадат

И ова утро се расонувате со шолја кафе, а дали сте се запрашале нешто повеќе за кафето кое го консумирате? Секојдневно уживаме во оваа волшебна напивка, па ред е да научиме некои интересни факти поврзани со неа.

Занимливости поврзани со кафето кои ќе ве изненадат

1. Секој ден се консумираат околу 1,7 милијарди шолји кафе ширум целиот свет, а 35% од нив ги консумираат луѓето во САД. Ова би значело дека околу 300 милиони Американци пијат 400 милиони шолји кафе секој ден.

2. Машината за еспресо е измислена во 1901 година од страна на италијанецот Луиџи Безера. Дизајнирањето на оваа машина било инспирирано од француски дизајн од 1822 година. Машината била измислена со цел кафето да може побрзо да се подготвува за персоналот да не останува долго на паузата за кафе.

3. Првата реклама за кафе излегла во американски весник во 1790 година.

4. Во 1732, Јохан Себастијан Бах напишал сатирична песна за зависноста од кафе.

5. Во текот на 1700-те години, кафе-баровите биле екстремно популарни низ Европа. Во денешно време во Италија постојат околу 200.000 барови за еспресо.

6. 65% од вкупната количина на кафе кое се пие низ целиот свет, се консумира за време на појадок.

7. Во просек дневно се продаваат 200 до 300 чаши еспресо во просечен кафе-киоск во развиените градови.

8. Во 2006 година индустријата за кафе во Америка донела продажба од 12,2 милијарди долари. Над 75% од нив се потрошени во кафе-баровите.

9. Кафето е една од најтргуваните стоки во светот, веднаш после нафтата.

10. Во текот на 1700-те години, зависноста од кафе се сметала за општествен проблем.

11. Мажите најчесто консумираат кафе за да им помогне при напорната работа, а жените со цел да се опуштат.

12. Во 2011, просечната цена на еспресото изнесувала 2,45 американски долари.

13. Ако купите еспресо машина за 200 долари, и консумирате по едно кафе дневно, зделката ќе ви се исплати по 81,63 денови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар