Замрзнато кафе на стапче

Направете вашата забава да се памети. Бидете оригинални и единствени во изборот на мали и вкусни залчиња. Овие се со вкус на еспресо и ликер. Само за вистинските љубители на кафе…

Замрзнато кафе на стапче

Потребнни состојки:
  • 400 мл подготвено еспресо кафе
  • 120 мл кондензирано млеко
  • 120 мл ликер од кафе
  • чепкалки за заби
Начин на подготовка:

Во голем сад ставете ги кафето, млекото и ликерот. Мешајте со жица за матење додека да се соединат сите состојки. Смесата распоредете ја во силиконски калапи за мраз и ставете ги калапите во замрзнувач 3 до 4 часа. Потоа, извадете ги на кратко, забодете по една чепкалка за заби на секоја коцка и ставете ги повторно во замрзнувач да стојат 8 часа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар