Забавна чаша за повкусна голтка кафе

Забавна чаша за повкусна голтка кафе

Благодарение на дизајнерите Hye Yeon Cho и Seo Young Yoon, вашиот утрински ритуал за расонување или дружбата со пријателите, не мора да бидат здодевни и да завршат со последната голтка кафе. Тие креирале атрактивна чаша, која ќе внесе малку забава во секојдневието на кафеџиите…Забавна чаша за повкусна голтка кафеВо нејзината внатрешност поставиле недовршен цртеж и точки, кои треба да ги поврзете за да го комплетирате. Па, ако не сте по гледањето на кафе, талогот може да ви послужи да повлечете линии од една до друга точка. 🙂 Сè што треба да направите е да земете сламка и по нумерички редослед да започнете со развлекување на остатоците од вашиот омилен напиток.Забавна чаша за повкусна голтка кафеЗабавна чаша за повкусна голтка кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар