За љубителите на кофеинот: 2 интересни сознанија за кафето

Кафето, поточно зрната кафе, најдобро е да се чуваат во замрзнувач, бидејќи на тој начин максимално ќе го задржат богатството на вкусот. Овој совет ни доаѓа од една студија која била објавена во списанието „Scientific Reports“. Резултатите од спроведеното истражување нè советуваат и дека зрната кафе треба да се чуваат во вакумиран сад, со цел влагата да не им наштети на вкусот. За најдобри резултати, замрзнувајте ги зрната кафе, па смелете ги веднаш пред консумирање.

За љубителите на кафето: 2 вистини за омилениот црн пијалак

„Доколку сакате во вашиот дом да имате кафе со најдобар вкус, купувајте го свежо, па мелете го пред консумација“, советуваат истражувачите.

Поголемиот дел од нас се навикнати да го чуваат кафето на суво место и собна температура, па затоа и се наметува прашањето дали целиот живот сме грешеле? Иако станува збор за непрактична навика, што одзема многу време и може да ви го наруши вашиот секојдневен утрински ритуал, сепак вреди да се проба за промена.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар