Водич низ светот за зависниците од кафе

Кафето е многу повеќе од напиток со млеко и шеќер. Од селата во Етиопија, каде за првпат започнало да се одгледува, до кафулињата низ цела Европа и улиците на Токио, кафето стана дел од сечие секојдневие и се прилагодува на секаква култура.

Водич низ светот за зависниците од кафе

На многубројните обожаватели на кафето, кога патуваат не им е потребна карта на светот, толку колку што им е потребен водич за конзумирање кафе. Сите ние имаме свои ритуали и начини на конзумирање на кафето. Би биле изненадени на колку различни начини тоа се прави во светот. Сите кафе зависници, подгответе се, одиме на една мала турнеја!

Италија – Espresso (Еспресо)

Опис – Совршеното италијанско еспресо, на површината треба да има слој со боја на карамела, кој е доволно дебел да го задржи неколку секунди шеќерот пред да пропадне надолу.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Како да го пиете – Еспресото во Италија се пие на една голтка. Колку и да изгледа невообичаено, луѓето го пијат стоејќи во кафе барот.

Каде да го пиете – Експертите тврдат дека најдоброто еспресо во Италија може да го вкусите во Рим, во близина на Пантеонот, поради изворите од каде ова подрачје се снабдува со вода.

Австрија – Melange (Меланж)

Опис – Станува збор за популарното виенско кафе Меланж, кое е вид капучино со многу млечна или шлаг пена на површината.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Како да го пиете – Со кафето задолжително побарајте чаша вода, и тоа од чешма. Не само што е безбедна за пиење, водата во Виена е добра и препорачлива.

Каде да го пиете – Се разбира, каде ако не во Виена! Со кафето не прескокнувајте да порачате некоја од познатите виенски торти, како тортата Захер.

Етиопија – Buna (Буна)

Опис – Во родното место на кафето, нека не ве чуди фактот што жителите го конзумираат со сол и путер, наместо со млеко и шеќер.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Како да го пиете – Ако сте поканети кај некого дома, покажете почит кон целата церемонија на подготвување на кафето. Напијте се макар три филџани кафе! Бројот три (наречен bereka) се смета за благослов.

Каде да го пиете – Посетете некој од рестораните во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, каде церемонијата за подготовка на кафе се одвива на отворено во сламени колиби.

Мексико – Café de Olla (Кафе Ди Ола)

Опис – Традиционално зачинето кафе, кое се служи во земјен сад, а се додаваат и стапчиња цимет.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Како да го пиете – Доколку патот ве однесе во Мексико и сакате да си го порачате ова кафе, не додавајте шеќер пред да го пробате, и онака е доволно засладено.

Каде да го пиете – Мексико Сити се смета за централно место на традиционалната мексиканска храна и пијалаци, па затоа оригиналното Кафе Ди Ола може да го вкусите токму овде. Најдобро би било да одберете место во периферијата на градот, каде би можеле да уживате во прекрасната глетка и вкусот на мексиканско кафе.

Саудиска Арабија – Kahwa (Кава)

Вкусете го кафето на Бедуините. Ќе ве послужат и со слатки суви урми кои ќе ја засладат горчината на ова јако кафе. Заедно со кафето, порачајте си сок од роза или бадемово лиснато печиво.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Куба – Café Cubano

Италијанското еспресо добива посебен и уникатен вкус со додавање на кубански шеќер, што резултира со слатка кафеава пена на врвот, наречена espumita.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Индија – Kaapi

Кафе-напитокот, кој оригинално доаѓа од Јужна Индија, се приготвува на висока температура, а на површината има дебел слој пена која се добива при процесот на ладење. Кафето се сервира со претурање од еден сад во друг неколку пати.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Индонезија – Kopi Luwak

Ова традиционално индонезиско кафе е едно од најскапите во светот, ако не и најскапо. Она што е посебно е начинот на кој се произведува. Кафето Копи Лувак се собира од измет на азиското животно дива цибетка, кое јаде зрна кафе. Колку и да звучи необично, светската побарувачка за ова кафе сè повеќе расте, па дивата цибетка почна да се одгледува во кафези со цел да се покачи производството на ова кафе, чија цена достигнува и до 11 долари од филџан.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Малезија – Pak Kopi/Kopi Putih/Bai Ka-fe

Уште е наречено бело кафе, се приготвува со печење на зрната кафе со маргарин.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Аргентина – Cortado

Една од најстарите култури за одгледување кафе е токму во Буенос Аирес, Аргентина. Ова нивно традиционално кафе се прави со додавање мала количина млеко во кафето еспресо.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Шпанија – Café Bombón

Оваа слатка комбинација на еднаква количина кафе и млеко, потекнува од Валенсија и е позната насекаде низ светот.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Мароко – Café des Épices

Вкусот на ова кафе варира во зависност од количината на додатоците, како: ѓумбир, црн пипер, сусам, ким, цимет и други, кои можат да се најдат на мароканските пазари.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Финска – Kaffeost

Особено популарно кај локалното население, ова кафе се приготвува со млеко од крави или ирваси. Во чаша црно кафе се додаваат парчиња кајмак кои се вадат пред да почнете да го пиете кафето.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Ирска – Irish Coffee

Традиционалното ирско кафе е нешто што мора да се проба. Направено е од топло кафе, шеќер и ирско виски, со многу шлаг на површината на чашата.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Америка – Frappuccino

Старбакс е дефинитивно симбол за американската кафе-култура, а овој вид милкшејк кафе е еден од најпродаваните низ цела Америка.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Холандија – Bakkie Troost

Буквално преведено, неговото име значи „чаша удобност“, може да го најдете под името kaffe, а се служи со колачиња. Доколку сакате млеко, ќе треба да порачате „koffie verkeerd“ или „coffee wrong“.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Полска – Kawa Parzona

Исто познато под името „kawa naturalna“, ова традиционално полско кафе се прави со ставање на кафето во врела вода, без употреба на филтер.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Хонг Конг – Yuanyang

Овој пијалак е мешавина од кафе и чај. Направено од повеќе видови млеко и чај, може да се служи и топло и ладно. Ова кафе е симбол за тоа како две некомпатибилни состојки можат да се измешаат и да се добие прекрасен вкус.

Водич низ светот за зависниците од кафе

Како што можеме да заклучиме, кафето е вистинска магија, разни вкусови, мешавини и додатоци симболизираат различни традиции ширум целиот свет. Затоа каде и да одите не заборавајте да пробате традиционално кафе и да го збогатите вашето животно искуство за уште една шолја.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. anaa Reply

    vi nedostasuva turskoto kafe:)

  2. Jac Reply

    kako mozese da go propustis turskoto draga? :)

    • Ели Радеска Reply

      Драга, турското е наше секојдневие (меѓу другите, секако), па заслужува посебна статија, нели? 😀

  3. katerina Reply

    poveketo sum gi piela. vo sekoj sluvaj interesno :)

Остави коментар