Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

Кафето и неговото влијание врз вашето расположение

Кофеинот предизвикува многу ефекти врз вашето тело и кога го консумирате во големи количини, може да биде штетно. Тој влијае врз четири хормони кои ги имате во вашето тело, при што може да влијае и на промена во вашето расположение.

1. Кофеинот може да ја наруши апсорпцијата на хормонот аденозин, кој му помага на телото да се опушти. Ова може да ве држи витални и свежи некое време, но може да предизвика и проблеми со спиењето на долг рок.

2. Кофеинот го покачува адреналинот во вашиот систем, поради што привремено ви ја зголемува енергијата, но откако ќе помине неговото дејство, прави да се чувствувате многу уморно, а можеби и депресивно. Ако го овозможите овој процес со пиење повеќе шолји кафе дневно, може да предизвикате појава на вознемиреност и нервоза.

3. Кофеинот исто така, го покачува кортизолот, хормонот на стресот, што од своја страна, може да доведе до други проблеми по вашето здравје како покачување на телесната тежина, нерасположение, а во најлош случај срцеви болести и дијабетес.

4. Кофеинот го зголемува нивото на хормонот допамин во вашиот организам, кој прави да се чувствувате добро, но кога ќе пројде дејството, може да направи да се чувствувате тажно. Овој процес исто така создава зависност од кафе.Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

Кафето и неговото влијание врз работата на мозокот кај жените

И покрај тоа што кофеинот може негативно да влијае на вашето расположение, новите истражувања покажуваат дека шолјата полна со кафе, може да ја подобри работата на мозокот кај жените, во стресни ситуации.

Универзитетот Бристол спровел истражување на 64 мажи и жени, за да ги испита ефектите од консумирањето кафе во големи количини, кога телото е веќе под стрес.

Истражувањето открило дека кофеинот ги подобрува функциите на мозокот кај жените, што овозможува да постигнуваат повисоки резултати во работата. Од друга страна, во истото истражување е откриено дека кафето ја ослабува меморијата кај мажите и им го забавува процесот на донесување одлуки.Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозокУчесниците биле поделени во парови од ист пол и им биле зададени задачи како преговарање, тестови за меморија и решавање загатки. На половина од паровите им било дадено да се напијат бескофеинско кафе, а на другата половина, обично кафе.

Истражувањата откриле дека резултатите на мажите во тестовите за меморија кои пиеле обично кафе, биле значително пониски во однос на оние кои пиеле бескофеинско (на првата група мажи им биле потребни 20 секунди повеќе за да ги решат тестовите, во однос на втората).

Жените ги решиле загатките за 100 секунди побрзо откако се напиле шолја обично кафе.

Истражувачите веруваат дека кофеинот влијае различно врз работата на мозокот кај мажите и жените, поради различниот начин на кој секој од овие два пола се справува со стресот.

Се прашувате како да го освежите вашиот мозок со консумирање кафе, а притоа да не дозволите тоа да има негативно влијание врз вашето здравје? Еве го одговорот:

  • Лимитирајте го консумирањето кафе на 2 шолји дневно. Со ограничување на внесената количина на дневна база, ќе можете да ги искористите придобивките од кофеинот кои ви се потребни и истовремено ќе ги избегнете здравствените ризици и негативните симптоми.
  • Немојте да пиете кафе после 14 часот. Кофеинот може да остане во вашиот систем 8 часа или повеќе, па ако застанете со пиење во овој период од денот, ќе си го осигурите цврстиот, убав сон навечер.
  • Пијте кафе пред да одите да вежбате. Пиењето на тој вкусен кофеински пијалак пред вашата физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и продуктивноста од вежбањето, а ќе ви овозможи и да ги почувствувате придобивките од справувањето со стресот, благодарение на спортот.

Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар