Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Кафето кое секојдневно го пиете, не е само пена на врвот и шеќер на дното, туку во него се крие и вашиот карактер. Видот на кафето кое најмногу ви се допаѓа, зборува многу за вас.

Џуди Џејмс и Џејмс Мур, експерти за говор на телото, открија дека преферирањето на одреден вкус кафе, зборува многу за самодовербата, сексуалниот живот, и нивоата на стрес на личноста. Во нивната книга „The you code“ тие прават еден интересен осврт на оваа тема.

Љубители на еспресо

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Луѓето кои сакаат силно еспресо кое ќе ги разбуди наутро и ќе ги освестува во текот на целиот ден, се многу вредни луѓе на кои најбитно им е сите обврски да им се завршени на време. Настојуваат да си ги остварат целите најбрзо што можат и се одлични лидери. На љубовен план тие се страсни и посветени партнери, но може да не се доволно лојални и доверливи.

Љубители на филтер кафе

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Оние кои преферираат филтер кафе, се најчесто луѓе со поконзервативен поглед кон животот. Тие се тивки, ретко ги искажуваат своите чувства и имаат променливо расположение. „Нивниот карактер е малку поспецифичен, но потенцијално можат да бидат одлични другари, колеги или љубовни партнери“ – констатираат Џејмс и Мур.

Љубители на лате

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Нежни личности, кои имаат силна потреба да бидат сакани и почитувани од страна на другите луѓе. „Ако вашиот шеф пие лате, тој најверојатно ви дава работни инструкции со милозвучен бебешки глас“ – велат Џејмс и Мур. Сакаат да оставаат впечаток на самоуверени, успешни и шармантни личности, но со самото тоа што мешаат со млекце толку силно и чисто кафе какво што е еспресото, укажува дека тие имаат незрела страна.

Љубители на капучино

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Деталите на ситуациите и наклонетоста од другите луѓе, не ги интересира оние кои уживаат во прекрасното пенливо капучино. Она што ги фасцинира е материјалниот свет. Тие уживаат во сексот и бараат партнери кои знаат да фантазираат и да ги покажуваат емоциите. Љубовник без идеи и иницијатива, може многу брзо да им досади.

Љубители на инстант кафе

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Овие се весели, активни луѓе, кои често се смеат и шегуваат. Тие живеат според максимата „Ако не пробам, нема да знам“. Но, овие личности не се доволно амбициозни да направат голема кариера и најчесто завршуваат работејќи некоја обична работа, за просечна плата. Се држат настрана од вообразени луѓе кои се прават нешто што не се. Во сексот не се доволно опуштени и имаат тешкотии во приврзувањето со партнерот. Не е чудно доколку слушнете дека овие луѓе носат чорапи во текот на сексуалниот однос, бидејќи целосното разголување е преголем чекор за нив.

Љубители на фрапе

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Лекомислени и површни луѓе, кои сакаат да пробаат сè одеднаш, особено ако претходно тоа нешто припаѓало на некоја позната медиумска личност. Сакаат да се преставуваат себеси како модни икони и нечии идоли, но придаваат поголемо значење на стилот на однесување, отколку на некои посуштински работи. Во љубовта се исто така површни и непосветени на партнерот.

Љубители на безкофеинско кафе со соино млеко

Видот на кафето ја дефинира вашата личност

Овие луѓе се најчесто големи екологисти, кои сакаат да филозофираат и да се прават сезнајковци. Уживаат кога вниманието е свртено кон нив, но знаат да бидат доста пребирливи и критични. Во кревет се однесуваат вештачки и стегнато со партнерот. Изборот на кафе без кофеин, зборува за тип на личност, која е вообразена и пренагласена, која го сака она што не може да го има и поради тоа често става маска на своето лице, за да се прикаже во подобро светло.

Оние кои воопшто не пијат кафе

Според Џејмс и Мур, оние луѓе кои воопшто не консумираат кафе, најверојатно се плашат од него, а истовремено и од животните предизвици. „Ако не ти се допаѓа вкусот на кафето, тогаш мора да си дете и веќе е крајно време да влезеш во светот на возрасните“ –констатираат тие. Но, не е крај на светот. Потребен е само 21 ден за да го надминете гадењето од вкусот на кафето и да почнете да живеете во реалниот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Frosina Reply

    a, nie sto go pieme turskoto, kakvi licnosti sme?

  2. Biljana Reply

    Se prasuvam kakva osoba sum jas ako cesto pijam makedonsko(tursko) kafe.????

  3. Teenka Reply

    I mene toa me interesira, kako me definira toa sto pijam samo tursko kafe???

  4. Igor Reply

    Epten e tocno, sekako nema da otkrijam kakvo kafe pijam, ama stravno i za partnerkata proveriv i tocno e 🙂 pozdrav,

  5. Slavica Reply

    Неверојатно колку има вистина во тоа што ни го откривате.Навистина се отсликани личностите според кафето што го пијат,барем тие што ги познавам.Повелете на кафе МАКЕДОНСКО.

  6. Delfina Reply

    моето кафе е Макијато па проичитав за лате бидејќи е доста слично и мое омилено, па точно ееее.

  7. Delfina Reply

    најверојатно сите вие што пиете турско или македонско кафе сте љубители на традицијата, ориентот.

Напиши одговор на Delfina Откажи одговор