Веганско кафе со само 3 состојки за бескрајно уживање во продолжениот викенд

За сите вегани и вегетаријанци, како и за оние што внимаваат на своето здравје

vegansko-kafe-so-samo-3-sostojki-za-beskrajno-uzhivanje-vo-prodolzheniot-vikend-www.kafepauza.mk

Потребни состојки за две кафиња:
  • 2 кафени лажички инстант кафе во прав
  • 470 милилитри млеко од бадеми или соја
  • 2 кафени лажички шеќер (може да се менува по вкус)
Начин на подготовка:

Најпрво подгответе ги сите состојки, а потоа во мало тенџере, на среден оган, загрејте го млекото заедно со шеќерот. Мешајте сè додека млекото не се стопли и шеќерот не се стопи. Исклучете го шпоретот и потоа додајте го кафето. Мешајте додека не добиете комбинирана смеса. Претурете го во чаша и сервирајте. За подобар изглед, попрскајте малку од кафето во прав на врвот.

Погледнете ги и овие 3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар