Вдишете кофеин без да пиете кафе

Колку пати ви се случило толку многу да ви се спие дури и ви се плаче, во фрка сте со обврски и немате време да се напиете едно кафе за да живнете? Харвардскиот професор Дејвид Едвардс смета дека револуционерен изум за овој проблем е неговиот производ „AeroShot“, кој претставува инхалатор со големина на кармин, кој се појави оваа година на пазарот во Масачусетс, Њујорк и на францускиот пазар.Вдишете кофеин без да пиете кафеСиво-жолтиот пластичен инхалатор содржи 100 милиграми кофеински прав (колку што содржи и една поголема шолја кафе) и Б витамини. Едно парче чини 2,99 американски долари.

Биомедицинскиот инженер Дејвид Едвардс вели дека „AeroShot“ е безбеден и не содржи додатни адитиви како на пример таурин, кој се користи во енергетските пијалаци за да го засили ефектот на кофеинот. Тој смета дека неговиот производ е наменет за луѓе кои се во потрага по брзо и евтино освежување на енергијата.

Кога корисникот ќе инхалира од овој бескалоричен прав со вкус на лимон и лимета, тој започнува да се разложува речиси инстантно во вашето тело. Од една тубичка може да се вдише 6 пати.Вдишете кофеин без да пиете кафеКоментарите кај корисниците варираат од една кон друга крајност. Некои сметаат дека вкусот на „AeroShot“ е одличен и дека тоа е супер кофеински производ, додека други велат дека никогаш не би го замениле вкусот, мирисот, ритуалот и бавното консумирање на кафето во течна состојба.

Креаторите на овој кафе-инхалатор велат дека нивниот производ нема за цел да го замени вообичаениот начин на консумација на кафето, туку само да го олесни внесувањето кофеин кај луѓето кои имаат динамичен животен стил и мораат да ја „вдишат“ нивната дневна доза додека се во движење. Исто така, тие објаснуваат дека „AeroShot“ е многу практичен за ситуации во кои не можете со себе да носите производи во течна состојба, како на пример кога учите во читална, се качувате во авион или возите автомобил со часови. Воедно, сметаат дека е брзо и едноставно да вдишете од инхалаторот и додека возите велосипед, скијате или правите каква било активност за која ви е потребна енергија.Вдишете кофеин без да пиете кафеПрвиот ваков производ на проф. Едвард беше чоколадото кое може да се вдише, т.н. „Le Whif“, а наскоро се подготвува да го промовира производот „Le Whaf“, кој претставува стаклен сад со футуристички изглед, преку кој нискокалорична храна и пијалаци се консумираат во вид на вкусен облак. Дали ова значи дека во иднина ќе престанеме да јадеме и пиеме на начинот на којшто тоа го правевме досега? Останува да видиме…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Elena Reply

    more za kafe sekogas ke se najde vreme:)))

Остави коментар