Утринско кафе во чаша-робот R2-D2

Автор: Весна Јовановска

Вљубениците во серијалот „Војна на ѕвездите“ од неодамна добија можност утринското кафе да го пијат од неверојатната чаша-робот R2-D2. Оваа кул чаша за кафе можеби не препознава 50 команди како роботот R2-D2, но е висока 21,69 сантиметри, доволно широка да ја собере вашата дневна доза кафе и да ви го чува топло преку целиот ден.Утринско кафе во чаша-робот R2-D2Одлична е за на вашето работно биро. Ако случајно не сте љубители на кафето, а сакате да ја имате, тогаш користете ја за други топли напитоци. За жал, не можеме да кажеме дека евтино ќе ве чини и дека ќе може да ја најдете без проблем. Во предност се оние кои живеат во близина на Дизниленд, бидејќи таму се продава како сувенир по 11, 49 американски долари и доѓа заедно со чоколаден десерт. Очигледно роботите обожаваат чоколада. :)Утринско кафе во чаша-робот R2-D2Утринско кафе во чаша-робот R2-D2Првата робот-чаша се појави на пазарот во Јапонија, а сега е присутна и во САД.

Можеби ќе ве разочараме, но во моментов на интернет нема залихи од роботските чаши. Сите до една се распродадени.

Додека да станат повторно достапни за купување, погледнете го ова слатко видео со танцувачки роботи, по чиј изглед е направена чашата R2-D2:

Додека чекаме технологијата да отиде до таму што роботи ќе ни го носат кафето, ќе се задоволиме со можноста да имаме по една ваква чаша. :)Утринско кафе во чаша-робот R2-D2


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар