Уметност насликана на тазе сварено кафе

Уметност насликана на тазе сварено кафе

На некои уметници им се потребни акрилни бои за да цртаат, на други им е доволен само молив, а на трети сè што им треба е тазе приготвено кафе, млечна пена, чоколаден прелив и стапче за цртање. Овие последниве, создаваат навистина интересни цртежи на кајмакот од кафето за само неколку секунди и притоа пиењето кафе успеваат да го претворат во едно интересно артистичко доживување, се разбира додека не ја шмркнете првата голтка и ја уништите нивната работа. 🙂Уметност насликана на тазе сварено кафеПогледнете во видеото колку едноставно навидум изгледа цртањето на кафе, а колку совршено изгледа шолјата потоа.

Обидете се! Којзнае, можеби пријатно ќе се изненадите од вашето уметничко дело. Ако успешно ја завршите работата, не заборавајте да ги фотографирате вашите кафе-цртежи и да ни ги испратите да ги објавиме на Кафе пауза.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. џани Reply

    тазе сварено кафе? да не е еспресо ова? 🙂 🙂 освен ако си варите еспресо по дома…

Напиши одговор на џани Откажи одговор