Уметност насликана на тазе сварено кафе

На некои уметници им се потребни акрилни бои за да цртаат, на други им е доволен само молив, а на трети сè што им треба е тазе приготвено кафе, млечна пена, чоколаден прелив и стапче за цртање. Овие последниве, создаваат навистина интересни цртежи на кајмакот од кафето за само неколку секунди и притоа пиењето кафе успеваат да го претворат во едно интересно артистичко доживување, се разбира додека не ја шмркнете првата голтка и ја уништите нивната работа. :)Уметност насликана на тазе сварено кафеПогледнете во видеото колку едноставно навидум изгледа цртањето на кафе, а колку совршено изгледа шолјата потоа.

Обидете се! Којзнае, можеби пријатно ќе се изненадите од вашето уметничко дело. Ако успешно ја завршите работата, не заборавајте да ги фотографирате вашите кафе-цртежи и да ни ги испратите да ги објавиме на Кафе пауза.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. џани Reply

    тазе сварено кафе? да не е еспресо ова? :) :) освен ако си варите еспресо по дома…

Остави коментар