Топли напитоци за ладни зимски денови

Автор: Александра Пешевска

Два многу едноставни, но вкусни напитоци, кои ќе ве загреат во текот на зимските денови и ќе ви ја вратат енергијата

Во зима мораме дополнително да го загреваме нашиот организам, а за тоа се идеални топлите напитоци. Двата се едноставни за подготвување, а имаат посебен вкус. Изберете вкус на банана или пак вкус на кафе.

Банана пунч

Топли напитоци за ладни зимски денови

Потребни состојки:
  • 150 мл сок од банани
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • половина стапче цимет
  • 20 мл сок од цеден портокал
  • 40 мл рум
  • парчиња банана
Начин на подготовка:

Сокот од банани се готви заедно со кафеавиот шеќер и циметот на топол оган. Откако ќе се тргне смесата од оган, се остава да се подолади неколку минути. Потоа се додава сокот од цедениот портокал и се меша со направената смеса. Пијалакот се служи во висока чаша, а по желба се прелива со рум и се декорира со парчиња банани.

Зимско кафе

Топли напитоци за ладни зимски денови

Потребни состојки:
  • 25 г чоколадо за готвење
  • 125 мл млеко
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче инстант кафе
  • 100 мл слатка павлака или шлаг
Начин на подготовка:

Млекото се става на оган и се остава да зоврие. Откако ќе зоврие во него се додава чоколадото за готвење, кафеавиот шеќер и циметот и се меша континуирано околу 10 минути. Потоа се додава кафето и се меша уште 1 минута.  Како последна состојка се додава изматената слатка павлака или шлагот и полека се меша. Добиената смеса се послужува додека е топла во широка шолја и се декорира со малку цимет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар