Топли кафе напитоци за во зима

Автор: Ивана Грујоска

Да ве загреат и да ве расположат…

Топлите кафе пијалаци нудат одличен начин да се загреете во студените есенски или зимски денови. Можете да си направите само за себе или да направите доволно за да ги споделите со семејството и пријателите. Еве неколку рецепти за брзо и лесно да се стоплите во овие поларни денови.

Ирско кафе (без алкохол)

Топли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 1 кафе:

  • 250 мл топло инстант или филтер кафе
  • 1 супена лажица сируп од кафе со вкус на ирски крем
  • шлаг

Начин на подготовка: Подгответе си го кафето како што најчесто го правите и додадете го сирупот од кафе со вкус на ирски крем. Декорирајте со шлаг.

Кафе Грог

Топли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 6 кафиња:

  • 750 мл инстант или филтер кафе
  • 125 мл  слатка павлака
  • 220 г кафеав шеќер
  • 2  супени лажици путер, омекнат
  • 1/4 лажиче каранфилче, мелено
  • 1/4 лажиче морско оревче, мелено
  • 1/4 лажиче цимет

Начин на подготовка: Измешајте ги путерот, шеќерот, каранфилчето, морското оревче и циметот во помал сад. Потоа, во друг поголем сад измешајте ги кафето и павлаката. Во садот со кафето и павлаката, додадете ги состојките од помалиот сад, убаво измешајте и послужете во 6 стаклени чаши.

Кафе Бело чоколадо

Топли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 6 кафиња:

  • 85 г бело чоколадо, исечкано
  • 250 мл млеко
  • 250 мл слатка павлака
  • 500 мл топло инстант или филтер кафе
  • шлаг

Начин на подготовка: Млекото, слатката павлака и чоколадото ставете ги во метален сад и загрејте ги на пареа сè додека не се не се стопат и не се добие еднолична, хомогена смеса. Тргнете го садот од огнот, додадете го кафето и убаво промешајте. Сервирајте и декорирајте со шлаг.

Кафе со јаворов сируп

Топли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 2 кафиња:

  • 250 мл топло инстант или филтер кафе
  • 60 мл јаворов сируп
  • 125 мл млеко
  • 125 мл слатка павлака
  • шлаг

Начин на подготовка: Млекото, слатката павлака и  сирупот ставете ги во метален сад и загрејте ги, но не оставајте ги да зовријат. Кафето распоредете го во две шолји и одозгора попарете ги со смесата. Декорирајте со шлаг.

Шварцвалд

Топли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 6 кафиња:

  • 1 л топло инстант или филтер кафе
  • 125 мл чоколаден сируп
  • 125 мл сок од марачино цреши
  • шлаг
  • чоколаден прелив
  • марачино цреши

Начин на подготовка: Топлото кафе, чоколадниот сируп и сокот од марачино цреши ставете ги во сад и убаво измешајте ги. Распоредете го миксот во 6 чаши и украсете со шлаг, чоколаден прелив и по една марачино цреша.

Кафе-пунч со егног

Топли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 4 кафиња:

  • 350 мл сладолед од кафе
  • 350 мл егног
  • 250 мл топло, силно инстант или филтер кафе
  • 4 супени лажици замрзнат шлаг, оставен малку да омекне
  • 4 прстофати мелено морско оревче

Начин на подготовка: На тивок оган, во тава ставете го сладоледот да се растопи. Во неа додадете ги и кафето и егногот и оставете смесата убаво да се затопли. Распоредете ја смесата во четири чаши, а на врвот декорирајте со по една лажица од замрзнатиот шлаг и малку мелено морско оревче.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. milivili Reply

    a sto e egnog?

  2. Natali Gjurova Reply

    Aaaaa ubvi kaaavijna ubavi

Остави коментар