Со неколку шолји кафе дневно до подолг животен век

Со неколку шолји кафе дневно до подолг животен век

Според најновото истражување во кое учествувале повеќе од половина милион луѓе на возраст од 50 до 71 година, со консумирање на 3 шолји кафе дневно се намалува ризикот од ненадејна и прерана смрт.

Со неколку шолји кафе дневно, до подолг животен век

Внесувањето на голема количина кофеин во организмот се смета за нездраво, но резултатот од ова истражување, кое го спровело Националниот американски институт за рак, покажало дека со 2-3 шолји кафе дневно се намалува ризикот за смрт од инфаркт, инфекција на респираторниот систем, мозочен удар, дијабетес и од многу други инфекции.

„Две или три шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за прерана смрт за 10 до 15 проценти, но зголемувањето на дозата не значи дека ќе се зголеми и процентот, па токму затоа не треба да се претерува“ – вели д-р Нил Фридман од Националниот институт.

За време на истражувањето, испитаниците биле следени во период од 12 години, а нивните навики укажувале на позитивно делување на кафето врз здравјето.

Најголем проблем претставувал фактот што љубителите на кафето, омилениот свој напиток го пиеле во придружба на цигара, која го скратува животниот век.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар