Силно кафе со вкус на цимет и ванила

Прекрасен моќен вкус…Силно кафе со вкус на цимет и ванилаПотребни состојки:

  • 1 лажица инстант кафе
  • 3 коцки кршен мраз
  • 2 стапчиња цимет
  • 1 топка сладолед од ванила
  • шеќер (по вкус)

Начин на подготовка: Најпрво кафето растворете го со 150 милилитри топла вода. Потоа сипете го во блендер и додадете ги мразот, шеќерот и едно стапче цимет. Мешајте ги додека не добиете хомогена смеса. Кафето сипете го во стаклена чаша и одозгора ставете една топка сладолед. Декорирајте со стапче цимет.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар