Шпанско кафе

Ова е кафето кое ви е потребно за да ве загрее во ладните зимски денови кои претстојат.

Шпанско кафе

Потребни состојки:

  • 30 ml ликер од кафе
  • 30 ml рум
  • матен шлаг
  • 60 ml еспресо кафе
  • морско оревче
  • шеќер во гранули

Начин на подготовка: Во шејкер измешајте ги ликерот, румот и кафето. Чашата навлажнете ја со вода и обложете ја со шеќер по рабовите. Претурете го кафето. Врз него, ставете го шлагот и од горе изрендајте малку морско оревче.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар