Претворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работа

Претворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работа

Многумина мислат дека им треба тишина за да можат да се сконцентрираат на работата, но во суштина, би биле многу пофокусирани и попродуктивни доколку се опколени со вистинските звуци.

Претворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работа

Апликацијата Coffitivity ви овозможува да ја пренесете опуштената атмосфера на кафулето во вашата канцеларија. Измешаните звуци на гласови и тропкање со шолји за кафе и други предмети е идеална за подигнување на вашата креативност. Ова е и научно поткрепено. Имено, истражувањата покажуваат дека е тешко да се биде креативен во тивка работна атмосфера. Од друга страна пак, фрустрирачки е да се работи во преголема галама. Но, комбинацијата од умерени звуци на кафуле и пријатна комоција е токму она што може да ги инспирира вашите креативни напливи.

Претворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работа

Па, ова е уште една добра асоцијација за кафето. Направете си кафе, слушалките на уши и пуштете Coffitivity. И… не заборавајте да ги запишете сите идеи кои ќе ви паднат на памет. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Петар Ј. Reply

    Ха. Стварно функционира ова. Мислам не моеж цел ден да го слушаш ама за од време навреме јако е

Напиши одговор на Петар Ј. Откажи одговор