Пилинг од кафе, мед и маслиново масло

Љубителите на кафето не само што живеат подолго, тие исто така се поубави! Употребата на кафето не мора да се ограничи само за расонување и енергија, туку и за разубавување. Покрај тоа што е лек за повеќе болести, кафето може да се најде како дел од козметичките препарати за разубавување.

Благодетите на кафето се многубројни, а во комбинација со мед и маслиново масло ќе добиете одличен ексфолијант. Ја чисти и освежува кожата, а исто така е природен антиоксидант.

Пилинг од кафе, мед и маслиново масло

Потребни состојки:
  • 1 филџан крупно мелено кафе
  • ½ филџан мед
  • неколку лажички маслиново масло
Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги горенаведените состојки и нанесете на претходно измиено лице. Нанесувајте го со нежни кружни движења во насока кон надвор. Откако добро ќе ја вмасирате смесата, оставете ја неколку минути на лицето и мирувајте. Потоа темелно исплакнете го лицето. Не повторувајте го пилингот премногу често, доволно е еднаш на две недели или еден месец. Истите состојки, само во поголеми количини може да ги искористите за правење пилинг на тело.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар