Пиењето кафе може да ви помогне да остварите подобри резултати при вежбањето

Дали некогаш сте се разбудиле за да вежбате целите поспани и сте помислиле дека навистина би ви годела доза кофеин? Доколку одговоривте потврдно, сигурно ќе ви се допаднат најновите откритија. Според едно истражување спроведено од страна на професор по физиологија на Универзитетот во Сао Паоло, постои научно докажана врска помеѓу кофеинот и ефективните вежби.

Пиењето кафе може да ви помогне да остварите подобри резултати при вежбањето

Професорот Бруно Гвалано решил да ја тестира оваа теорија бидејќи многу сакал да вежба, но и да пие кафе. Така, тој собрал група машки велосипедисти и ги поделил во групи врз основа на тоа колку кафе имале испиено. Потоа ги тестирал во три различни ситуации: Кога немале внесено кофеин, кога примиле плацебо и кога испиле апче со 400 милиграма кофеин што е еднакво на 4 шолји кафе.

Гвалано ги добил очекуваните резултати. На испитаниците им била дадена посебна вежба чија цел била да согорат 450 калории. Резултатите покажале дека оние кои што земале вистинско кофеинско апче биле 3,3% побрзи од останатите.

Според сето ова, можеме слободно да кажеме дека утринското кафе што го пиете пред да одите во салата за вежбање не само што ќе ви помогне да останете будни, туку и максимално да го искористите вашиот потенцијал за вежбање. Секако дека не треба да претерувате со пиењето кафе, но доколку оваа напивка е веќе дел од вашата секојдневна рутина, треба да знаете дека ви помага да остварите подобри резултати во теретаната.

Во продолжение прочитајте уште едно истражување поврзано со тоа дали треба да пиеме кафе пред физичка активност.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар