Пенеста мока со лешници за љубителите на кафе со изострен вкус

Пробајте нешто малку поразлично!

Потребни состојки:
  • 120 грама темно чоколадо, исечкано
  • 340 грама слатка павлака
  • 40 грама шеќер
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • 2 супени лажици ликер од лешници
  • 400 милилитри свежо подготвено кафе (за 4 дози)
  • Шлаг пена
Начин на подготовка:

Ставете го чоколадото во мал сад, а слатката павлака во мало тенџере. Поставете го тенџерето на оган и почекајте слатката павлака да зоврие, па додајте ѝ шеќер и цимет и мешајте додека не се стопат. Добиената смеса сипете ја врз чоколадото и матете со маталка додека не добиете мазна површина. Додајте го и ликерот.

Оставете да се олади на собна температура, со повремено мешање. Потоа прекријте го садот и ставете го во фрижидер. Кога целосно ќе се олади изматете го со електричен миксер (околу 15-тина секунди). Подгответе 4 шолји низ кои рамномерно ќе ја распоредите смесата, а потоа дополнете со по 100 милилитри свежо подготвено кафе во секоја од нив. По желба декорирајте и со шлаг пена.

Пробајте го и овој рецепт за мока кафе што ни доаѓа од Маите!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар