Ова е првото кафуле во светот

Ова е првото кафуле во светот

Денеска кафето е задоволство кое го практикуваме како рутинска навика. Неминовно е нашата кафе пауза да ја искористиме релаксирајќи се во некое кафуле, а пак првото нешто што ќе го направиме во посета на некоја нова држава е да ја почувствуваме атмосферата на кафулињата таму. Денес тој толку вообичаен процес некогаш бил недозволен и забрануван.

1-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk

Знаете ли кое е и кога е отворено првото кафуле во светот?

Кафето служело во медицината на Истокот. Најверојатно пристигнало од Етиопија и Јемен до Блискиот Исток, па потоа и по брегот на Северна Африка.

Првото кафуле било отворено во Константинопол во 1555 година на денешната улица во Истанбул – Тахтакале. Кафулето се викало Кива Хан.

Има повеќе приказни кои се врзуваат за ова кафуле и за неговото потекло. Прво дека Шамс од Дамск и Хакам од Алепо се иноваторите на кафулето.

Друга е грчката приказна во која велат дека Грци биле луѓето кои го отвориле ова кафуле уште во 1475 година, на што Турците возвраќаат дека кафето за првпат е донесено во 1517 година за време на владеењето на султанот Селим I по освојувањето на Египет.

Трета приказна вели дека Отоманскиот управник во Јемен, Оздемир Паша, донел зрна кафе кога бил повикан во Константинопол каде што тој го запознал Султанот Сулејман со овој необичен пијалак. Најверојатно Оздемир знаел многу претходно за кафето затоа што пред да стане управител во Јемен живеел во Каиро, а потоа ги освоил Судан и Етиопија. По оваа средба во палатата веднаш бил вработен човек кој бил задолжен да прави кафе за султанот.

2-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk

Подоцна кафето во Турција било забрането и сите вреќи со кафе биле истурени во морето затоа што се сметало дека тоа е иновација која ја стимулира човековата природа. Но, ваквите забрани биле игнорирани од страна на кафулето Кива Хан, па тоа сепак продолжило да работи.

Што се правело во кафулето?

Најчесто тоа било место каде се собирале мажи кои покрај тоа што пиеле кафе, читале и пишувале поезија, слушале музика, воделе дискусии за културниот живот, играле шах. Вообичаено се собирала голема група мажи, околу 20-30 луѓе кои споделувале мисли и искуства со чаша кафе. Во кафулето доаѓале и високи функционери кои сакале да се релаксираат.

3-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk

Кафулето многу пати било затворано, но подоцна почнало да функционира без дозвола, менувајќи ја локацијата во некои слепи улички далеку од очите на власта, каде всушност се ослободило од плаќање данок. По многуте обиди да се затвори кафулето, сепак властите попуштиле и тоа продолжило со работа.

По речиси еден век биле отворени и првите кафулиња во Европа. Со воените освојувања од страна на Отоманската империја во Европа, оставени се голем број вреќи со кафе, па така почнал да се шири овој тренд и биле отворени кафулиња во Виена, Венеција, Париз, Мадрид, Хамбург и Лондон.

4-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk

Во Турција кафулето се сметало како место за состанок на мажите кои разговарале за културниот социјален живот.

5-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk

Во Англија за одржување форуми чија тема била политичкиот живот. Кафето имало цена од 1 пени.

6-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk

Во Германија кафулето имало погрдно значење со кое се опишувало женското озборување. Но, оттогаш ваквите места служат за попуштени разговори.

7-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk7


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар