Опијането желе од кафе

Уникатно кафе во цврст облик за оние кои сакаат да експериментираат

Ви се случило ли некогаш да сакате да примите уште една доза кофеин во денот за да се освежите, но не ви се пие кафе бидејќи сте премногу гладни или премногу најадени? Ако одговорот е да, тогаш ова е дефинитивно вистинскиот кафе-рецепт за вас.Опијането желе од кафеПотребни состојки:

  • 120 мл ладна вода
  • 415 мл штотуку сварено еспресо (8 супени лажици кафе и 470 ml вода)
  • 415 мл засладено кондензирано млеко
  • 80 грама желатин
  • 3 супени лажици Калуа или друг ликер од кафе

Начин на подготовка:

Најпрво подгответе го кафето во машина за еспресо. Потоа во еден голем сад сипете ја водата.Опијането желе од кафеИстресете ги кесичките со желатин во водата и мешајте за да се изедначат состојките.Опијането желе од кафеТреба одма да почне да се згуснува.Опијането желе од кафеОставете го да постои 10 минути, за да стане меко и еластично како гума.Опијането желе од кафеДодадете го топлото сварено еспресо во желатинот.Опијането желе од кафеСо мешалка за јајца убаво промешајте за да се изедначи желатинот со кафето.Опијането желе од кафеДодадете го засладеното кондензирано млеко и нежно мешајте за да се соедини со желето.Опијането желе од кафеВо смесата додадете Kahlua или некој друг ваш омилен ликер кој оди со кафе како на пример Amaretto, Frangelico и др.Опијането желе од кафеПромешајте нежно за да не ви се направат премногу меурчиња.Опијането желе од кафеПодготвената смеса сипете ја во стаклена тава. Тавата нема потреба претходно да ја мастите или обложувате со хартија бидејќи желето не се лепи за стакло.Опијането желе од кафеОпијането желе од кафеСтавете ја тавата во замрзнувач и оставете ја внатре неколку часа, додека смесата не се стегне убаво. Доколку забележите дека се створиле многу меурчиња на површината, ставете го садот 20 минути во фрижидер за да се одмрзне малку и потоа отстранете го горниот слој со лажица.Опијането желе од кафеКога вашето опијането желе од кафе ќе биде подготвено, треба да изгледа вака.Опијането желе од кафеИсечете го на коцки или дадете му уникатен облик со некое интересно калапче и послужете го во хартиички за колачиња.Опијането желе од кафеОпијането желе од кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар