Необичен тренд во светот на кафето: Би пробале ли лате во авокадо?

Нашата омилена здрава храна ги здружи силите со утринската напивка без која не можеме да го започнеме денот. Кој може да му одолее на авокадото?! Тоа е совршената здрава ужина што ви треба за да си ја вратите енергијата во текот на денот. Латето е исто толку неодоливо. И покрај тоа што има сосема поинаков вкус, овој кофеински пијалак го постигнува истиот ефект како и авокадото.

Необичен тренд во светот на кафето: Би пробале ли лате во авокадо?

Е сега, замислете си да ги споите овие две задоволства во едно! Звучи малку чудно, се согласувате? Сепак, оваа комбинација стана реалност и предизвика многу поделени мислења.

Ако некогаш одите во Австралија, мора да поминете до кафулето „Truman Cafe“ во Мелбурн за да имате можност самите да го пробате нивниот најнов изум. Ова австралиско кафуле од неодамна почна да служи аволате. Да, добро прочитавте: Аволате.

На прв поглед ова делува како поздрава и поегзотична опција од обичното лате, но пред да одлучите дали би пробале аволате, погледнете го видеото за да го видите овој необичен пијалак со свои очи…

Доколку сепак не би сакале да експериментирате, погледнете го стандардниот рецепт за кафе лате (coffee latte).

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар