Направете млечна пена без еспресо машина

Сите ја сакаме онаа млечна пена, која лебди и се топи при првата голтка од нашето утринско и попладневно кафе. Кафе лате, макијато, капучино – изборот е ваш. Да се купи еспресо машина или машина за правење кафе е навистина голема инвестиција, па затоа погледнете како да направите млечна пена, во домашни услови употребувајќи само една тегличка и микробрановата печка.

Земете една мала тегличка и наполнете ја со млеко скоро до половина.

Направете млечна пена без еспресо машина

Потоа, затворете ја со капакот и протресете ја тегличката енергично околу 30 секунди  додека млекото не го зголеми волуменот, двојно.

Направете млечна пена без еспресо машина

Извадете го капакот од тегличката и ставете ја во микробранова печка 30 секунди.

Направете млечна пена без еспресо машина

Млечната пена е готова.

Направете млечна пена без еспресо машина

Ставете млеко во вашето кафе и со лажица претурете ја млечната пена на врвот од шолјата.

Направете млечна пена без еспресо машина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Monique Reply

    Не знам дали е интелигентно во микробранова да се стави нешто метално, како што е капачето од тегличката… =/

    • Sunshine Reply

      @Monique
      Убаво си пишува таму, вие не прочитавте???

      „….Извадете го капакот од тегличката и ставете ја во микробранова печка 30 секунди….“

    • m... Reply

      Извадете го капакот од тегличката и ставете ја во микробранова печка 30 секунди. :)))

  2. Delfina Reply

    јас ова го правам со апаратче за нес и колку убава испаѓа ахххх геније сум :)

  3. Вики Reply

    јас си правам пена со сладолед. Откако ке се свари кафето, се тура во шолја и одозгора се става 1-2 лажички сладолед 9најубав вкус е од лешник и ванила). Сладоледот се топи и имаме вистинска млечна пена!

Остави коментар