Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

Доколку сте љубители на кафе и барате нешто што ќе ве држи будни подолго време, ова австралиско кафе можеби е вистинскиот избор за вас. Кафулето „Viscous“ во Аделаида, Австралија служи пијалак кој го доби името „најсилното кафе во светот“. Имено, ако го испиете ова кафе, ќе внесете иста количина на кофеин како да сте испиле 80 шолји обично кафе.

Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

Ова ладно приготвено кафе е изум на сопственикот на кафулето, Стив Бенингтон, по барање на една медицинска сестра за итни случаи која морала да остане будна подолго за време на ноќната смена. Според Бенингтон, медицинската сестра го пиела овој посебен пијалак два дена и благодарение на неговата магија успеала да остане будна речиси три дена по ред.

Пред да ја стави оваа кофеинска бомба на менито, Бенингтон го прилагодил рецептот и го ублажил малку во согласност со потребите на потрошувачите. Неговиот сегашен состав содржи 120 милилитри ладно кафе кое 10 дена стоело во вода со собна температура, 4 дози еспресо и 8 коцки мраз. Една шолја од пијалакот содржи 5 грама кофеин (нормалната шолја кафе содржи 120 милиграма кофеин). Само една единствена коцка мраз содржи исто толку кофеин колку 2 дози еспресо.

„На некои луѓе им се допаѓа, некои не можат да го поднесат, но сѐ тоа е во името на забавата“, изјавил Бенингтон.

Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

Пијалакот треба да се консумира постепено во текот на 3 до 4 часа за да овозможи до 18 часа будност без губење енергија. Меѓутоа, рецептот испаднал толку вкусен, што на гостите во кафулето им било тешко да не го испијат целото одеднаш.

„Се работи за чисто кафе со добар квалитет и тоа е единствениот проблем. Вкусот е толку добар што тешко е да потрае толку колку што треба“, објаснил Бенингтон.

Консументите се советуваат да внимаваат. Бенингтон секогаш разговара со возбудените гости пред да им го донесе пијалакот за да биде сигурен дека знаат во што се впуштаат. Освен тоа, во менито стои предупредување напишано со црвени букви: „Луѓето со висок крвен притисок и/или со срцеви заболувања пијат на свој ризик“. Смртоносната доза на кофеин за возрасни изнесува 18 грама внесена во текот на еден до два часа, но кофеинот има различно влијание кај сите. Ова кафе ја надминува препорачаната безбедна доза која изнесува 400 милиграми, но несомнено е дека оваа шолја полна радост ќе ве разбуди и наполни со енергија што ќе ве држи во текот на целиот ден.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар