Најголемата слика во светот направена од зрна кафе

Рускиот артист Аркади Ким го претстави најголемиот мозаик во светот, изработен од зрна кафе. Тој е наречен „Awakening“ (Будење), а се наоѓа во Паркот Горки во Москва, Русија.Најголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафеЦелта на Аркади Ким му била да го надмине претходниот светски рекорд за фреска изработена од зрна кафе, која неодамна ја постави албанскиот артист Саимир Страти. Најголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафеМаестралното дело зафаќа површина од околу 30 метри квадратни, а тежи 180 килограми, што е значително повеќе во однос на делото на Саимир (25 м2, 40 кг). Ова на Ким му овозможи да биде забележан во Гинисовата книга на рекорди, како автор на најголемата фреска направена од зрна кафе.Најголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафеКим, заедно со 5 асистенти, рачно го изработувал делото 12 дена. Тие притоа ги печеле зрната кафе за да добијат различни нијанси и потоа едно по едно ги лепеле на огромна плоча. За оваа работа тие употребиле без малку 1 милион зрна кафе. Оваа величествена слика со мирис на кафе ќе биде достапна за јавноста до 1 јули.Најголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафеНајголемата слика во светот направена од зрна кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ангела Reply

    каде се наоѓа ова ?

  2. laura Reply

    Паркот Горки во moskva rusija

Остави коментар