Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

Четири недели поминаа додека да трепнеме. Многу фотографии, креативност, оригиналност, ентузијазам, но и борба, напнатост, исчекување… Конечно можеме сите длабоко да воздивнеме. Несомнен победник со 1.339 лајкови е фотографијата на Верица Цекова.

Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

Победничката фотографија на наградната игра „Уживај на кафе и добиј фотоапарат Nikon S2500!“

Борбата беше за фотоапарат Nikon S2500, во комплет со мемориска картичка од 2 гигабајти, торбичка и врвка. Целта на оваа наградна игра беше да ја поттикнеме креативноста, да ги разбудиме заспаните емоции, да ги потсетиме вештините дека може да се искористат и секако, да уживаме во кафето. Веруваме дека успеавме во тоа. Овој мал подарок од нас за вас е знак на нашата почит кон нашата публика, вие.

И честитаме на Верица за победата и ù посакуваме со среќа да си го користи новиот фотоапарат, да прави многу фотографии со него, па зошто да не учествува и на некоја наредна наградна игра што ќе ја организира Кафе пауза. Им честитаме на сите учесници кои прикачија вкупно 120 валидни фотографии.

Во продолжение, стручниот тим на нашата редакција, ги издвои 10-те најкреативни, најуметнички фотографии кои учествуваа во изборот. Со клик на фотографиите, можете да видите кој стои зад нив. Уживајте!Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Sar4e Reply

    А нели не смееја фотки од интернет да се постираат? И да, имаше многуууу пооригинални од наведените.
    Играта не беше фер…

    • Кафе пауза Reply

      Сара, за кој фотографија сугерираш дека е од интернет? Што поточно не било фер?

      Не велиме дека немаше и други оригинални фотографии. Како што е наведено во текстот, ова е нашиот избор. Слободно линкувај го твојот во коментар.

  2. Ina Reply

    slikata shto vi osvoila prvo mesto vrska nema. Od fotograski i od umetnichki..pa i od koncepciski aspekt. shto e ona…bidermaer u pozadinana? sramota.

    • Кафе пауза Reply

      Тоа е ирелевантно Ина. Наградната игра беше дизајнирана така што единствена улога во прогласувањето на победникот, имаше бројот на гласови. Се разбира, доколку не било прекршено некое од правилата.

  3. Nena Reply

    Rekovte deka ne se dozvoleni sliki od internet a prvite dve sliki gi stavivte kako edni od najdobrite,toa sakase da kaze Sara. navistina sramota!

    • Кафе пауза Reply

      Тоа што фотографиите се добри, не значи дека се преземени од интернет. Сите фотографии кои учествуваа во наградната игра беа проверувани, а оние кои ги поднесуваа беа известувани доколку прекршиле некое правило.

      Не е срамота да се биде креативен. Напротив. Токму затоа ние направивме избор на неколку фотографии кои сметавме дека треба посебно да се издвојат.

  4. anita Reply

    ima mnogu poubavi sliki od onaa sto pobedila, ama dodeka mladite molat za lajk, nikogas originalnosta i talentot nema da pobedi.

  5. А БРЕ МАКЕДОНЧИЊА Reply

    КОЈ ГУБИ – ИМА ПРАВО ДА СЕ ЛУТИ!

  6. Viviana Reply

    site sliki se podobri od pobednickata. i od poslednata,ok.

  7. Кафе. Reply

    Срамота е да се мисли дека некоја фотографија е од интернет, ако некој не може да си објасни како е направена. И кај нас има луѓе што знаат како да фотографираат професионално, иако не се професионалци.

    Убава наградна игра, но сепак можеби друг пат треба вие да го одбирате победникот, за да нема секакви коментари :)
    Овие игриве со собирање на лајкови не расипуваат до срж!

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за сугестијата. Следната наградна игра секако ќе биде поинаку осмислена.

  8. EM Reply

    Vi blagodaram na toa sto dozvolivte da ucestvuvame vo igrata navistina kafe pazua mi bese zadovolstvo sto se najdov vo edna od slikite na koja ste napravile izbor a onoj koj zasluzil spord vas i pobedil nema ludbini na seto ova ova e samo igra i bi trebalos ite da se druzime mislam deka toa e najvazno od se :) i da si go pruzime zadovolstvoto na druzbata preku kafeto vo koe uzivame citajki ve vas i druzejki se so site :) pozdrav i like za sl br 6 <3

  9. green Reply

    dobro, nema tuka koj gubi ima pravo da se luti ali od 10 km se gleda deka pobednickata fotografija e odvratna, nitu kvalitetna, nitu umetni4ka, nitu kreativna…. povejke mi lici na reklama za Nescafe XD

  10. Данчо Reply

    Победничката слика е лошо претставување на Photoshop и како нетреба да се работи со него.., aли секоја чест,.. барем направивте нешто за да ја поттикнете керативноста,.. се надевам ќе има ушет многу игри вакви.. без употреба на фејсбук лајк, и за победникот да има некоја ситна нарада колку за да се мотивираат и другите да го извадат најдоброто од нив и да бидат што повеќе креативни..

  11. Лена Reply

    Победничката слика нема врска пред се’ со уметничка.
    Потоа квалитет, резолуција, а и фотошопот не е добро изработен.
    Сакам да кажам дека не треба да ја гледате сликата. Катастрофа е, ама честитки.

Остави коментар