Мозаик направен од 1 милион зрна кафе

Наместо од нив да си прави утринска шолја кафе за расонување, уметникот Саимир Страти од зрната кафе изработува масивен мозаик. Верувале или не, овој мозаик ќе биде направен од точно милион зрна кафе. На него се прикажани 5 карактери, а секој од нив претставува различен континент. Неговата цел е да го прикаже чувството на единство во светот.Мозаик направен од 1 милион зрна кафеСтрати живее во Тирана, Албанија, а неговиот проект е распослан на површина од 25 квадратни метри и тежи околу 140 килограми. Тој сака да го заврши своето дело до 12 декември 2011 година и повторно да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Тој претходно има поставено рекорди и за други креации.Мозаик направен од 1 милион зрна кафеМозаик направен од 1 милион зрна кафеМозаик направен од 1 милион зрна кафеМозаик направен од 1 милион зрна кафе
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар