Мокачино со банана и карамела

Кафе-десерт кој ќе ја задоволи вашата сласт и ќе ја разгори вашата страстМокачино со банана и карамелаПотребни состојки:

  • половина банана
  • 1 топка сладолед од карамела
  • 1 ладно еспресо
  • 100 мл ладно млеко
  • 3 коцки мраз
  • ¼ лажиче какао
  • ¼ лажиче цимет
  • шлаг (за декорација)
  • прелив од карамела (за декорација)
  • толчени незасолени кикирики (за декорација)

Начин на подготовка: Сите основни состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете убава хомогена смеса. Добиеното кафе сипете го во висока стаклена чаша и декорирајте со шлаг, толчени кикирики и прелив од карамела по избор и вкус.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар