Мока леден шејк

Вкусен и моќен шејк кој ќе ви го разубави денот…Мока леден шејкПотребни состојки:

  • 200 мл млеко
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 3  супени лажици шеќер
  • 3 супени лажици инстант кафе со вкус на мока
  • 6 коцки мраз (искршени)

Време на подготовка: 5 минути

Начин на подготовка: Ставете ги млекото, кафето, шеќерот и ванилата во блендер и убаво промешајте ги. После неколку секунди додадете го и мразот и повторно мешајте дури не добиете густа хомогена смеса. Добиениот микс сипете го во висока стаклена чаша. По избор можете да декорирате со шлаг, чоколаден прелив или чоколадни трошки.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар