Мока фрапучино

Ова кафе својата популарност ја доби од најпопулраниот ланец на кафиња Старбакс. Одлично е за оние кои го сакаат кафето ладно и слатко. Уште ако на крајот го зачините со малку шлаг и какао, ќе заличи исто како да сте го купиле во Старбакс.Мока фрапучиноЗа едно кафе потребно е:

  • 1 1/2 коцки мраз
  • 3/4 шолја млеко
  • 1 лажица еспресо измешана со 1/4 шолја жешка вода
  • 1 лажица шеќер (повеќе или помалку по вкус)
  • 2 лажици чоколаден сируп
  • шлаг (по желба)

Мока фрапучиноВо блендер измешјате ги мразот, млекото, еспресото, шеќерот и чоколадниот сируп. Претурете го кафето во голема чаша. По желба, декорирајте со изматен шлаг и какао врз шлагот.Мока фрапучино

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар