Мока фрапучино со кокос

Ледено освежително кафе со интензивен мирис кој потсеќа на слатко волшепствоМока фрапучино со кокосПотребни состојки:

  • 1/2 шолја рендан кокос
  • 3/4 шолји јако кафе, оладено
  • 1/3 шолја млеко со ниска масленост
  • чоколаден прелив
  • 3 лажици шеќер
  • 2 шолји мраз
  • шлаг

Начин на подготовка:

1. Најпрво загрејте ја рерната на 300 степени. Распространете го ренданиот кокос на хартија за печење и ставете во рерна. Мешајте го на секои 10 минути или сè додека не стане малку кафен. Ова правете го околу 15-20 минути, а откако ќе го извадите од рерната, оставете го да се олади.

Ако сакате кафето да ви биде појако, подгответе го со две лажички инстант кафе. Не заборавајте да го оставите да се олади.

2. За да го подготвите пијалакот, ставете го изладеното кафе, млекото, 1/3 од печениот кокос, чоколадниот прелив и шеќерот во блендер. Миксајте околу 15-20 секунди колку да се растопи шеќерот. Додадете го мразот и продолжете да миксате додека не се искрши на ситни парченца. Ставете го пијалакот во висока чаша. Декорирајте со шлаг, чоколадни парчиња (или прелив) и остатокот од печениот кокос. Сервирајте со цевка.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Pece Reply

    moze nepecen ananas namesto pecen kokos 😉

    • Кафе пауза Reply

      Епа пробај. Ама тоа друг рецепт ќе да е :)

Остави коментар