Млечно кафе со банана

Пенливо кафе освежување за добро расположениеМлечно кафе со банана

Потребно време за подготовка: 3 минути

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 150 мл млеко
  • 150 мл инстант кафе
  • 2 лажици шеќер
  • Неколку коцки мраз

Начин на подготовка: Во една чаша ставете 1 лажица инстант кафе и 2 лажици шеќер и убаво разредете ги во малку вода, а потоа додадете уште 150 мл вода. Во приготвеното кафе додадете го млекото. Потоа, во блендер ставете неколку коцки мраз и раскршете ги. Во блендерот додадете го приготвеното кафе со млеко, излупете една банана и ставете ја и неа внатре и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Сипете го шејкот во висока стаклена чаша, ставете сламка и чадорче и слаткиот кафе пијалак е спремен, а за уште послатко задоволство можете да го декорирате со цимет, чоколадни трошки или прелив од јагода. На здравје кафе!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар