Милкшејк од кафе, чоколадо и бадеми

Автор: Тамара Дамеска

Ако сакате своето утро да го започнете со поинакво кафе, тогаш ова е рецепт што нема да можете да го одбиете. Овој вегански милкшејк е идеален и како појадок и како алтернатива за вашето вообичаено кафе.

1-milkshejk-od-kafe-chokolado-i-bademi-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 60 г бадеми
  • 130 мл вода
  • 1 силно еспресо
  • 1 ½ лажица какао
  • 2 лажици јаворов сируп
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека сосема не се соединат. Ако сакате помазен напиток, процедете го низ газа. Сипете во чаша и пијте го така или прелијте го врз коцки мраз.

1-milkshejk-od-kafe-chokolado-i-bademi-kafepauza.mk

Овој милкшејк може да служи и како замена за млеко во вашите житарки.

Бадемовото млеко е одличен вегански напиток со малку јаглехидрати. Тоа не само што е полесно за варење, туку е и богато со протеини.

Рецептот можете да го направите и со други млека, од други ваши омилени зрнести плодови, на пример од печени пекани за побогат вкус или од макадамии за полесен и кремаст ефект.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар