Милкшејк мока

Декадентно ладно кафе за попладневно уживање. Сервирајте го во високи чаши за да го доловите ретро стилот.

Милкшејк мокаПотребно е:

  • 85 г чоколадо со 70 или 80% какао маса
  • 1 лажица инстант кафе
  • 700 мл млеко
  • 4 топки сладолед од ванила

Подготовка: Грубо насечкајте го чоколадото и заедно со инстант кафето ставете ги во длабок сад. На оган загрејте 300 мл од млекото. Топлото млеко полејте го врз чоколадото и кафето. Мешајте со лажица за да се растопи чоколадото. Оставете да се олади мока смесата. Оладената мока смеса ставете ја во блендер со останатото млеко и сладоледот. Кратко изблендајте и сервирајте во чаши. На крај, декорирајте со рендано чоколадо.

————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. андре Reply

    Ммммм вкусно звучи,мора да се проба

Остави коментар