Маска од кафе и какао за свежо лице

Можеби не сте знаеле дека кафето ја зацврстува кожата, ги намалува брчките и отеченоста на лицето. Какаото на сувата кожа ѝ дава свежина и ја прави мека, а истовремено ја смирува и иритираната. Кога ќе ги ставите во комбинација кафето и какаото во една маска, со нејзино нанесување на вашето лице ќе ја зголемите и циркулацијата на вашата кожа. Здружени, овие состојки ја хранат и подмладуваат кожата.

Маска од кафе и какао за свежо лице

Потребни состојки:
  • 4 лажички кисело млеко
  • 2 лажички мелено кафе
  • 2 лажички какао во прав
  • 1 лажичка мед
Начин на подготовка:

Во едно шолја помешајте ги сите состојки и направете паста, намачкајте ја на лицето и оставете ја половина час да се исуши. Отстранете ја така што прво ќе го навлажните лицето со жешка вода и потоа нежно тријте ја кожата со рака, за маската убаво да отпадне. На крај измијте го лицето со топла вода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. E. Reply

    Со што би можела да го заменам киселото млеко? Јогурт, павлака или нешто трето?

  2. Цаци Reply

    Зашто би го менувала со нешто?

  3. skejsii Reply

    mozhe nema doma kiselo, 😀 haha

Остави коментар