Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со некое од овие навистина елегантни парчиња мебел.

Гитара  која ќе ви го „причува“ кафето

Можеби никогаш не сте имале музичка кариера, но отсекогаш сте биле вистински љубители на добра рок музика. Доколку вистински уживате во енергичниот звук кој го произведува електричната гитара, ова е најверојатно совршениот избор на кафе масичка за вас.
Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Кафе масичка и аквариум во едно

Отсекогаш сте сонувале да поседувате еден уникатен аквариум, кој ќе говори за вашиот одличен вкус и ќе внесува свежина и раскош во домот. Желбата ви се чини неостварлива, бидејќи никогаш не успеавте да пронајдете аквариум, кој добро ќе се вклопува со останатиот мебел во дневната соба. Потрагата може да заврши! Ова е вистинското парче уметност за вас!
Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

iPhone т.е. iCoffeetable

Вие сте просто заљубени во вашиот iPhone. Тоа е најдоброто парче технологија, кое ви нуди толку многу можности, а го собира во една дланка. За да биде задоволството уште поголемо, сега имате можност и да го пиете вашето утринско кафе на масичка, која изгледа идентично како вашиот омилен телефон. На неа можете дури и да додавате нови „апликации“.
Масички за кафе од кои ќе ви застане здивотМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Дел од природата во вашиот дом

Вистински знаете да уживате во убавините на природата. Уживате во свежината која ја носи утринската роса, мирисот на свежо искосената  трева и лулкањето на лисјата… Посакувате, просто да можевте да живеете во градина. Сега можете да „откинете“ дел од зеленилото кое никогаш не венее и да го сместите во вашата дневна соба. Дома ќе ви биде пролет, во текот на целата година.Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Мултимедијална масичка

Никогаш не се разделувате од вашиот компјутер, така?  Не би ви замериле, затоа што ни е јасно дека ви е потребен за вашата работа, за да контактирате со пријателите или едноставно за да се релаксирате читајќи на Кафе пауза. Она што е ново, е дека сега за да го правите сето ова, не ви е потребен компјутер, туку маса. Да, да, добро прочитавте – маса на која ќе можете да проверувате имејл, да зачувувате фајлови, да користите блутут, да слушате музика, да играте видео игри и да јадете сладолед.
Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Невидлива масичка

Денес во продавница видовте одличен чаршав, но за жал тој не одговара со бојата на ногарките на вашата кафе масичка. А што ќе ви е масичка, кога можете да си купите чаршав над кој ќе „лебди“ вашата шолја со кафе? Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со ова навистина елегантно парче мебел.
Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Gusterot Reply

    Zakon 🙂

Остави коментар