Љубовно кафе (Café d’Amour)

Јако црно кафе за уживање со саканата/саканиот…Љубовно кафе (Café d’Amour)Потребни состојки:

  • 200 мл врело црно кафе
  • 40 мл коњак
  • шеќер по вкус
  • половина лимон
  • стапче цимет

Начин на подготовка: Рабовите на шолјата за кафе намачкајте ги со сок од лимон, а потоа додајте им претходно направена мешавина од шеќер и кафе. Потоа исцедете го лимонот и сокот додајте го во топлото црно кафе заедно со шеќерот и стапчето цимет. Ставете го коњакот во црпка за супа и запалете го, а потоа истурете го во кафето. Додајте ја целата смеса во претходно подготвената шолја и сервирајте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар