Ледено лате од карамела (Iced Caramel Latte)

Деликатесен кафе пијалак кој ќе ве освежи и расположи во секој дел од денот

Ледено лате од карамела (Iced Caramel Latte)

Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребни состојки:

  • 80 ml варено еспресо
  • 15 ml сируп од карамела
  • 25 g бел шеќер
  • 100 ml млеко
  • 6 коцки мраз
  • Шлаг (по избор)

Начин на подготовка: Ставете ги еспресото, сирупот од карамела и шеќерот во блендер  и оставете ги убаво да се измешаат, додека да се изедначи смесата. Потоа сипете го млекото и коцките мраз и продолжете да ги мешате во блендерот додека да стане смесата мазна и пенлива. Содржината истурете ја во чаша за кафе и украсете ја со шлаг.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар