Ледено кафе со вкус на кајсии

Овошно задоволство надополнето со вкус на кафеЛедено кафе со вкус на кајсииПотребни состојки за 2-3 напитоци:

  • Свежо подготвено кафе (180 мл)
  • Џус од кајсии (120 мл)
  • Млеко (80 мл)
  • Стопен сладолед од ванила (110 г)
  • Кајсии, свежи или конзервирани по избор (110 г)

*За најдобар вкус сите состојки мора да бидат многу оладени.

Начин на подготовка: Во длабок сад измешајте ги заедно кафето, млекото и џусот. Потоа додадете го стопениот сладолед и мешајте сè додека не се добие мазна смеса. Од кајсиите со помош на миксер напревете сок и истурете го во чаша. Потоа додадете ја и мешавината со кафето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар