Ледени коцки кафе потопени во млеко

Необичен начин на пиење кафе за екстра разладување

Ледени коцки кафе потопени во млеко

Потребни состојки:
  • 2 лажици инстант кафе
  • 300 мл вода
  • 200 мл млеко
  • шеќер по вкус
Начин на подготовка:

Инстант кафето и водата убаво измешајте ги во еден сад, додека кафето убаво не се растопи во водата. Потоа земете еден калап за мраз, исипете го кафето и оставете ги коцките да се замрзнат.

Откако ледените коцки од кафе ќе бидат убаво замрзнати, ставете ги во една чаша и полијте ги со ладно млеко. Ставете шеќер по вкус.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Aна Reply

    Со оглед на времево, уште малку ако се разладам, мислам дека ќе се здобијам со хипотермија. :)

Остави коментар