Лебдечка шолја за кафе

Оваа лебдечка шолја за кафе или чај е прототип изработен од страна на Тигере Чигира. Дизајнот го смислил уште во 2008 година, не можејќи да ги поднесе круговите кои ги оставаат шолјите на масата.Лебдечка шолја за кафе Бидејќи голем број негови пријатели се распрашувале каде можат да набават иста таква шолја, тој решил да го стави својот проект на веб-сајтот „Kickstarter“. „Kickstarter“ е сервис кој овозможува групно финансирање на креативни проекти од страна на посетителите на сајтот.Лебдечка шолја за кафе Бидејќи е комплицирано да се изработи ваков тип порцеланска шолја, за изработка на 500 парчиња, потребни му биле 15.000 американски долари, кои веќе успеал да ги собере благодарение на групното финансирање.Лебдечка шолја за кафеЛебдечка шолја за кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Михаела Reply

    чим на него му требале 30 долари за да изработи само една чаша, којзнае колку пари кошта една ако сакаш да си купиш….

Остави коментар