Крем Софија

Одличен десерт со кој ќе ги изненадите најблиските по семејниот ручек…Крем СофијаПотребно е:

  • 12 пишкоти
  • 5-6 нектарини, исечени на кришки
  • 50 г јатки од ореви
  • 300-400 мл изматена слатка павлака или шлаг
  • 100 мл сварено инстант кафе
  • чоколадирани ролни за декорација

Подготовка: Пишкотите искршете ги на две парчиња и секое парче натопете го во кафето. Во високи длабоки чаши за вино, прво ставете малку од пишкотите, врз нив ставете неколку кришки нектарини, па ставете од шлагот. Ова повторете го три пати. На крај, врз шлагот ставете неколку јатки ореви и декорирајте со чоколадирани ролни.Крем Софија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Mia Reply

    Може да нарачам едно???? :))))))

  2. zaneta Reply

    Se sto e povrzano so SOFIJA mora da bide slatko…D:

Остави коментар