Крем од кафе со прелив од портокал

Десерт со стил, како создаден за совршен завршеток на одлична вечераКрем од кафе со прелив од портокалПотребни состојки (за кремот):

  • 300 г маскарпоне сирење
  • 85 г шеќер во прав
  • 5 лажици јако сварено кафе (нес, еспресо)
  • 280 г изматена хопла

Потребни состојки (за преливот):

  • 175 г рендано чоколадо
  • 50 г путер
  • 5 лажици млеко
  • 1 лажица рендана кора од портокал

Подоготовка: Во сад изматете ги маскарпонето, шеќерот и оладеното кафе. Во друг сад изматете ја хоплата и така изматена додајте ја во смесата со маскарпоне. Убаво измешајте. Смесата распоредете ја во 6 чаши, покријте ги со фолија и ставете ги во фрижидер. Во сад, на пареа растопете ги чоколадото, путерот и млекото. Оставете да се растопи чоколадото. Тогаш, тргенете го од оган и ставете ја кората од портокал. Убаво измешајте со преливот. Преливот ставете ги врз кремата од чоколадо.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар