Корисни примени на кафето

Како што веќе дознавме, од кафето имаме многу придобивки на здравствено поле. Но, кафето можеме да го користиме и за многу други намени, кои ќе ни го олеснат секојдневието. Ова се неколку евтини, забавни и ефективни начини како да ги употребите кафето и неговиот талог.

Корисни примени на кафето

Анти-целулитен третман

Ова е одличен и едноставен начин како да се ослободите целулитот, без притоа да потрошите цело богатство. Всушност, не треба да потрошите ни денар, ниту пак свежо кафе, бидејќи за овој третман ќе ви биде потребен само талогот. На местата каде што имате целулит, нанесете топол талог и завиткајте го пределот со најлонска фолија. Оставете ја „маската“ од 15 до 30 минути и потоа отстранете ја фолијата. Постапката спроведувајте ја 2-3 пати неделно и по извесно време резултатите ќе бидат очигледни.

Корисни примени на кафето

Инсектицид за оси

Осите уживаат во мирисот на ѓубре, овошја и зеленчуци во фаза на скапување и секој друг мирис кој ги асоцира дека во околината можат да пронајдат храна. Но, за некое чудо тие имаат одбивност кон мирисот на кафето. Овој совет навистина треба да се има на ум, доколку овие пролет и лето сакате да уживате на отворено, без да тие да ви попречуваат. Во малечка чинија, сипете мелено кафе, потпалете го и оставете го во вашата близина. Силниот мирис со сигурност ќе ги избрка, а вие ќе уживате во природата околу вас.

Корисни примени на кафето

Нега за вашата кожа

Меленото кафе е малку абразивно, па можете да го измешате со малку маслиново масло или со мед и со смесата да направите третман, кој ќе ја направи вашата кожа свилено мека. Покрај тоа што пиејќи го, си го креваме нивото на енергија и будност, кафето прави чуда и доколку талогот се нанесе како маска за лице. Сите третмани на кои се трошат големи пари во салоните за убавина се прават на база на кофеин, па зошто да не се искористи овој бенефит и во домашни услови и тоа без пари.

Корисни примени на кафето

Ги растерува мравките и мачките

Можеби немаат ништо заедничко, но и мачките и мравките никогаш немале проблем да ви направат беља во дворот. За среќа, тие не го поднесуваат кафето, па така најубаво е насекаде да попрскате со кафе за да ги избркате штетниците. Исто така, доколку попрскате во близина на коренот на вашите цвеќиња, ќе ги избркате и полжавите кои ги нагризуваат нивните листови и стебла.

Корисни примени на кафето

Доколку денеска го испивте вашето кафе, не фрлајте го талогот, ќе се изненадите за колку интересни намени можете да го искористите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар